Државниот завод за статистика ги соопшти податоците за трговијата на мало, во ноември 2013 година, во споредба со ноември 2012 година.
Според податоците, гледано по групи и класи, намалување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалоци и тутун, номинално за 14,2%, а реално за 15,3%, Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално за 0,9%, а реално за 7,6%, Трговија на мало, освен трговија со горива номинално за 7,9%, а реално за 9,8% и Трговија на мало со автомобилски горива номинално за 8,2%, а реално за 3,9%.