Намалување на трошоците на живот во октомври

48

Трошоците на живот во октомври оваа година, во однос на претходниот месец, се намалени за 0,1%, а кај цените на мало има намалување од 0,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Намалување на трошоците на животот во октомври 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај сувото овошје и јаткастите производи за 4,3%, свежото и разладеното овошје за 2,2%, свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 1,2%, свежата и разладена риба за 0,7%, јајцата за 0,3%, оризот, другите преработки од месо, маслото и маснотиите, жестоките пијалаци за 0,2%.

Исто така, намалување на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 20,9%, туристичките пакет-аранжмани за 4,5%, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 3,2%, другите финансиски услуги неспомнати на друго место за 2,1%, дисковите, касетите, дискетите, ЦД-ромовите, филмовите за 1,8%, телефон и телефакс опремата за 0,8%, одржувањето и поправката на сопствените сообраќајни средства за 0,3%, ткаенините, опремата за спорт, кампување и рекреација во природа за 0,2%.

Пораст на трошоците на животот во октомври 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај сушеното, соленото и чаденото месо за 1,1%, другите прехранбени производи и цигарите за 0,7%, виното за 0,5%, трбушките, млекото за 0,4%, месото за 0,3%, другите пекарски производи, минералната вода, газираните пијалаци, сокови од овошје и зеленчук за 0,2%.

Во октомври 2019 година, пораст на трошоците на животот, исто така, е забележан и кај гасот за домаќинствата за 5,8%, информатичката опрема за 2,1%, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 2%, цврстите горива за домаќинствата за 1,5%, конфекцијата за 1,4%, другите услуги за опрема за сопствен превоз за 1,3%, отпадната вода за 0,9%, автомобилите, велосипедите и домашните миленици и сродни производи за 0,8%, текстилот за домаќинствата, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,7%, средствата за чистење и одржување на станот, електричните апарати за лична хигиена за 0,5%, снабдувањето со вода, големите електрични апарати за домаќинствата, другите медицински производи, другите услуги, неспомнати на друго место за 0,4%, обувките за 0,3%, услугите за одржување и поправка на станот, течните горива за домаќинствата, малите електрични апарати за домаќинствата, другите апарати и производи за лична хигиена за 0,2%.

Трошоците на животот во октомври 2019 година, во споредба со октомври 2018 година, бележат намалување од 0,2%, а кај цените на мало има намалување од 1,6%.

Фото: Pixabay