Намалување од 4,2% на индексот на цени во земјоделството во август

12

Индексот на цените во земјоделството во август оваа година, во однос на истиот месец лани, кај инпутот е намален за 4,2%, додека кај аутпутот е зголемен за 6,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во август 2014 година, во споредба со август 2013 година, индексот на цените на тековно потрошени средства во земјоделството изнесува 95,5, а индексот на цените на средства наменети за инвестиции во земјоделството изнесува 100,1.

Во делот аутпут, во август 2014 година, во споредба со август 2013 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 110,7, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 99,8.