Наместо кафе-лате, австралиски научници подготвија брокула-кафе

27

Група австралиски научници од националната агениција за наука (CSIRO) развија хранлив прашок од брокула кој може да се попрска врз стандарните оброци, но и да се искористи наместо млеко како додаток во популарното кафе-лате, пишува New Atlas.

Брокулата е еден од најздравите зеленчуци, кој се препорачува во борбата со ракот и дијабетис 2, како и за генерално подобрување на здравјето на стомакот. Сепак, поради специфичниот мирис и вкус не е многу омилена, а згора на тоа во процесот на подготвка многу лесно ги губи своите главни хранливи вредности.

За да се надминат овие “недостатоци“ австралистите научници создадоа брокула во прашок која 100% ги задржува квалитетите на свежиот зеленчук и само две лажици од истиот заменуваат цела порција на брокула. Овој прашок може да се користи за правење слатки и супи од брокули со висока нутритивна вредност, потоа може да се попрска врз веќе готово јадење како додаток, а идеален е и да се прикрие во оброкот доколку детето (или возрасниот) воопшто не ја сака брокулата.

Производот веќе наголемо се користи за производство на закуски со висок процент на зеленчук, а беше одлично прифатен и од децата за време на неговата промоција на Националната недела на науката.

Една кафетерија во Млебурн одите подалеку, правејќи кафе со прашок од брокули, наместо традиционалната употреба на млеко во прав. Проекциите за бенефитот од брокулата во прашок, според научниците, се во намалувањето на отпадот од храна, како и во новите алтернативи за производство, што повлекува и зголемени приходи кај земјоделците.

Фото: CSIRO