Наместо со аларм, iPhone ќе ве буди со мирис на пржена сланина

56

slanina

Американската компанија за производство на месо Oscar Mayer лансира апликација за iPhone која љубителите на пржена сланина може да ги разбуди дури и од најдлабокиот сон. Освен апликација, за алармот кој испушта мирис на пржена сланина потребно е да се стави адаптер во приклучокот за слушалки на телефонот. Адаптерот не е пуштен во продажба, го има во ограничени количини и може да се нарача на wakeupandsmellthebacon.com.