Наместо за новогодишни корпоративни подароци, ОКТА средствата ги пренамени за Шанса за живот

26

alka-580x416

Компанијата ОКТА сите средства наменети за новогодишни подароци за своите деловни партнери и соработници оваа година ги пренамени во донација за кампањата Шанса за живот.

„Со цел постигнување на уште поголем ефект од нашите вложувања во Интензивното одделение на Детската Клиника, оваа година одлучивме средствата наменети за  корпоративни новогодишни подароци  за нашите партнери и соработници, да бидат дел од последната донација на ОКТА за кампањата Шанса за живот. Задоволни сме од развојот на кампањата во изминатите две години и веруваме дека заедно со големиот број хумани граѓани и компании успеавме да направиме видливи позитивни промени на Одделот, а со тоа да им помогнеме на малите борци да го совладаат првиот животен предизвик”, изјави Марија Ставрева, менаџер за општествена одговорност и комуникации во ОКТА.

Кампањата Шанса за живот неодамна доби меѓународно признание за најдобра ООП од страна на CSR for All, проект создаден од Европската Унија, а во земјава имплементиран од страна на Бизнис Конфедерација на Македонија. На компанијата ОКТА за овој проект и беше доделена и плакета од страна на националното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерството за Економија. Уникатноста на оваа кампања е во начинот на комуникација со кој успеа да обедини голем број на луѓе во една иста цел. Покрај директните донации од компанијата ОКТА, преку кампањата се собра значителна сума на средства од граѓани, организации и компании со кои се набави нова опрема и се сервисираше постоечката на Одделот на Интензивна нега на Детската клиника.