Намирници што го чистат телото од никотин

24

caj

Фото: Pexels

Иако е општо познато и докажано дека цигарите се штетни, многумина не можат да се откажат од нив. Сепак, корисно е да се знае кои намирници можат да одиграат улога во чистење на организмот од никотинот.

Зелен чај

Пушачите полесно ја губат течноста од организмот и полесно можат да дехидрираат. Токму поради тоа треба да пиете поголемо количество на вода и зелен чај. Со тоа му помагате на на телото да се исчисти.

Киви и лимон

Освен вода пушачите ги губат и витамините А, Ц и Е коишто го зајакнуваат имунитетот. Затоа, треба секој ден да јадете барем по едно киви, а наутро да пиете по една чаша лимонада.

Спанаќ и брокули

Фолната киселина му помага на телото да го исфрли никотинот. Спанаќот ја има во изобилие, затоа почесто конзумирајте го како и брокулите коишто содржат витамин Б5 и Ц.

Свеж морков

Кожата на пушачите ја менува бојата и ја губи еластичноста, а причина за тоа е никотинот. За да ја врати виталноста, јадете повеќе свеж морков. Можете да го изрендате во салата или да го пиете како сок со лимон или јаболко.

Портокал

Сокот од портокал го хидрира телото, му ги дава потребните витамини и му помага да се ослободи од штетните материи. Доволни се два портокали дневно, а најдобро е да ги конзумирате помеѓу оброците.