Намирници што ќе направат да бидете поуспешни на работа

72

Секој вработен сака да го даде максимумот од себе за да може да постигне поголема продуктивност, повисоки резултати, што ќе му обезбеди добра плата, можност за напредување и сигурност на долг рок.

За да може да се постигне таа цел, постојат супер моќни намирници што можат да му помогнат на телото и мозокот додека сте на работа.

Бобинки

Иако овие овошки изгледаат минијатурно, тие се многу моќни и се вистинска храна за концентрација. Научниците советуваат да јадете барем еден грст јагоди, боровинки, малини… и ќе немате проблем со помнењето.

Ореви

Јаткаст плод, чија внатрешност потсетува на човечкиот мозок. Оревите се богат извор на омега 3 масни киселини, како и алфа линоленска киселина што го штити мозокот. Освен сирови, оревите може да ги користите и како одличен додаток во различни салати, колачи и други јадења на коишто ќе им даде побогат вкус.

Зелен чај

Овој напиток е богат со тиамин, витамин Б-1 којшто се грижи за нормална функција на мозокот. Редовното внесување на зелен чај може да влијае на целокупното здравје, па доколку сакате може утринското кафе да го замените со шолја зелен чај.

Фото: Pixabay