Намирници што се добри за работата на мозокот

24

jagodi

Фото: Pexels

Според едно ново истражување спроведено на Медицинскиот центар на универзитетот Раш во Чикаго, постарите лица кои го следат таканаречениот MIND начин на исхрана се 7,5 години когнитивно (умствено) помлади од останатите.

MIND е всушност комбинација на медитеранска исхрана и Dash диета, наменета за оние со висок крвен притисок. Истата содржи 15 совети за исхрана, а меѓу другото препорачува и секојдневно конзумирање на три порции со житарки од цело зрно, салата од зеленчук и чаша вино.

Пилешкото и мешункастите растенија се препорачуваат два пати во неделата, а рибата еднаш.

Единствено дозволено овошје во MIND режимот на исхрана е зрнестото овошје (јагоди, малини, капини, боровинки, брусници и слично).

Ограничено е количеството на црвено месо, масло, сирење, пржена храна и слатки.

Научниците го следеле здравјето на 960 лица со просечна старост од 81,4 години во 40 пензионерски домови во Чикаго, во временски период од пет години.

Кај оние кои се хранеле на ваков начин мозокот работел значително подобро од останатите. Според овие резултати MIND режимот на исхрана може да го намали ризикот и развојот на Алцхајмеровата болест.