Намирниците ќе бидат сè поскапи

153

Потрошувачите ширум светот ќе бидат непријатно изненадени кога и онака високите цени на производите за секојдневна употреба ќе станат уште повисоки, предупредуваат компаниите кои се соочуваат со проблеми со снабдувањето.

Производителите на сапун Dove и сладолед Магнум ги зголемија цените за повеќе од четири отсто во последниот квартал, што е најголем скок од 2012 година, а се сигнализира дека цените ќе продолжат да растат и следната година. Слични потези беа направени од Nestle SA, Procter & Gamble Co. и Danone SA, чии производи се доминантни во супермаркетите, пренесува Bloomberg.

„Приказната е иста во секој дел од светот“, вели Џенифер Ли, економист во BMO Capital Markets. Според неа, ова е нешто со што сега треба да се помират потрошувачите. Цените на производите на Нестле се зголемија за вкупно 2,1 отсто во третиот квартал, што е најбрз раст во последните пет години.

Потрошувачите од економиите во развој досега се соочуваа со највисока инфлација, покажуваат резултатите на Нестле. Прехранбениот гигант од Швајцарија, во првите девет месеци од годинава ги покачи цените во споменатите земји за 2,6 отсто, што е трипати повисоки од стапките на раст во развиените економии. Извршниот директор на компанијата Марк Шнајдер очекува маржите да се намалат, земајќи го предвид времето потребно за воспоставување на нови цени. После тоа, нејзиниот раст ќе продолжи во 2022 година. Според Шнајдер, она што може да се заклучи од фронтот за инфлација е дека ситуацијата ќе се влоши.

Даноне посочи дека купувачите во Европа и САД нема да избегнат зголемување на цените, што се очекува да биде околу девет проценти до крајот на годината. Според финансискиот директор на компанијата, Јуерген Есер, се очекува инфлацијата да продолжи да расте идната година.