Наоми Осака го урна рекордот на Шарапова и Вилијамс во заработка

58

Јапонската тенисерка Наоми Осака ја презеде титулата најдобро платена спортистка во светот од Американката Серена Вилијамс, пишува американскиот магазин Forbes.

Според магазинот, победничката на US Open во 2018 и Australian Open 2019 заработи 37,4 милиони долари од турнирски награди спонзорства минатата година.

Сумата што ја заработи Осака е за 1,3 милиони евра повеќе од заработувачката на Вилијамс.

Во последните 12 месеци за кога е правена пресметката и двете тенисерки го урнаа рекордот од 2015 година од 26 милиони евра кој и припаѓаше на Марија Шарапова. Од како од 1990 година, Forbes ја прави листата на најбогати спортистки, секогаш на врвот биле тенисерки.

Наоми Осака поради огромната популарност во Јапонија е исклучително привлечна за компаниите и брендовите од оваа земја, но и од целиот свет.

Фото: Facebook