Корисниците на една од најголемите социјални мрежи во светот, Facebook, ќе соработува со девет медиумски куќи за да може заеднички да ги реализираат проектот “инстант написи“.
Станува збор за медиумските куќи The New York Times, National Geographic, Buzz Feed, NBC News, The Atlantic, The Guardian, BBC News, Spiegel Online, Bild. Оваа опција на медиумите им овозможува десет пати побрзо објавување на написите во мобилната верзија на News Feed на Facebook.
“The New York Times има значајна и сè поголема публика на Facebook. Ние сме дел од оваа опција за да го зголемиме бројот на корисници на оваа социјална мрежа што ќе ги читаат нашите написи, во исто време да го следиме и нивното искуство и задоволство од она што го нудиме. Имаме долга традиција во воспоставувањето врски со нашите читатели, а нашите соджини да бидат што е можно подостапни за нив“, вели Марк Томпсон, претседател и извршен директор на The New York Times.