Направен фиџет спинер мобилен телефон

53

spiner

Фото: YouTube

Компанијата Chilli International од Хонгконг произведе мобилен телефон во облик на фиџет спинер, пишува The Verge. Телефонот има екран од 1,4 инчи, интерна меморија од 32 MB што може да се зголеми до 8GB со помош на SD картичка.

Телефонот, достапен во шест бои, нема апликации, но поседува интернет пребарувач и Bluetooth, а цената изнесува 20 долари и засега се продава само во Индија.

Фиџет спинерот наводно им помага на анксиозните личности полесно да се сконцентрираат и да го намалат стресот.