Направен телефон што функционира без батерија

24

 tel

Фото: Pexels

Научници од Универзитетот Вашингтон во Сиетл успеаја да направат мобилен телефон којшто енергијата потребна за негово функционирање ја црпи од околината и тоа му овозможува да работи без батерија.

Прототипот на уредот е заснован на технологија којашто му овозможува да рефлектира радио бранови и на тој начин да се оствари комуникација.

Иако денешните мобилни телефони бараат голема количина на енергија за да функционираат, овој уред користи аналоген начин на комуницирање. Телефоните без батерии можеби не нудат најдобар прием, но тие функционираат, пишува Wired.

“Конвертирањето на човечкиот глас во дигитален сигнал бараа многу сила. Ако можете да комуницирате по аналоген пат, тогаш сте енергетски ефикасни“, вели еден од научниците на проектот, Вамси Тала.