
Европската централна банка (EЦБ) ги промовира оние кои ги познаваат вистинските луѓе, наместо оние кои се добри во својата работа, според анкета спроведена меѓу вработените од страна на синдикатот Ипсо.
Според таа анкета, само 19 проценти од луѓето што работат во ЕЦБ веруваат дека институцијата добро ја врши работата во унапредувањето на најкомпетентните вработени.
Ипсо е синдикат основан од вработените во ЕЦБ, а сега ги претставува сите оние кои, покрај ЕЦБ, работат и во други меѓународни институции и агенции во Германија.
„Вработените се лути затоа што мислат дека има широко распространето растегнување во ЕЦБ“, изјави потпретседателот на Ипсо, Карлос Боулс, за „Фајненшл тајмс“, додавајќи дека вработените сметаат дека менаџментот на банката не презема ништо за да се спротивстави на тоа. 30 проценти од 4.700 луѓе кои работат во ЕЦБ учествувале во анкетата.
Неодамна, имаше извештаи за незадоволство во ЕЦБ, па така една студија од минатата година истакна зголемување на нивото на стрес кај вработените.
Во ова најново истражување, спроведено во февруари, 77 проценти од оние што дале одговори истакнуваат дека познавањето на „вистинските“ луѓе е клучот за напредок. Пред десет години, во слична анкета, 65 проценти од вработените го имаа ова мислење.
Повеќе од две третини од вработените изјавиле дека не се чувствуваат удобно да ги откријат проблемите или грешките на вишиот менаџмент. Пред 10 години, имаше 42 проценти од таквите.
Комуникацијата е уште една чувствителна област, бидејќи две третини од учесниците во анкетата рекле дека не им веруваат на информациите од ЕЦБ за политиката на банката за човечки ресурси.
ЕЦБ наведува дека внимателно ги проучува резултатите од анкетата, но исто така забележуваат дека во сопствената анкета во која учествувале двојно повеќе испитаници минатата година, добиле одговор дека 85 проценти од вработените се горди што работат во таа банка.
„Се наоѓаме во средина каде што малку луѓе ги напуштаат своите работни места“, рече главниот директор за човечки ресурси Ева Мурчијано.
Таа додаде дека одлуките за внатрешно унапредување ги донесува панел од тројца вработени од различни оддели и дека често е вклучено и анонимно тестирање.
„Резултатите од (синдикалната) анкета може да бидат под влијание на привремените работници со договор кои имаат поинаква перспектива од мнозинството вработени со постојан договор“, рече Мурчијано.
Сепак, треба да се додаде дека можеби фактот што дел од вработените гледаат дека унапредувањето зависи од познавањето на луѓето можеби не е толку директно поврзан со фактот што малку вработени го напуштаат EЦБ, бидејќи всушност станува збор за безбедни и веројатно добро платени работни места што никој нема да ги напушти лесно, без оглед на евентуалното незадоволство од неправедната рамка за унапредување.