На загрепската Главна железничка станица, во три напуштени и неискористени вагони, во јануари следната година треба да се отвори првиот железнички хостел. Првиот вагон е при крај со преуредувањето, а договорот за останатите треба да се потпише деновиве, пишува Јутарњи лист.
Во првото купе ќе биде рецепцијата. Во секое купе ќе има по три кревети, еден фиксен и два на расклопување. Најевтин ќе биде горниот кревет на расклопување, ноќевање во него ќе чини само пет евра. Според првите проценки, целото купе ќе може да се изнајми за околу 30 евра. Во трите вагони на еден колосек ќе има 90 кревети.
Железничкиот хостел е идеја на претприемачот Звонко Момчиловиќ, кој освен во Загреб, планира вакви хостели да направи и на железничките станици во Сплит, Задар, Шибеник, Риека и Пула.