Нарачка на деценијата: United Airlines купува 270 авиони

123

Американската авиокомпанија United Airlines објави дека ќе купи 270 авиони, што е најголема набавка на авиони во историјата на компанијата и најголема нарачка од која било авиокомпанија во последните 10 години.

Каталошката цена за 270 авиони е околу 35 милијарди долари, пренесува CNN.

Сепак, авиокомпаниите обично плаќаат пониска цена од цената на каталогот, особено сега кога сè уште не е добро време за продавачите на авиони, така што оваа набавка веројатно ќе го чини United Airlines помалку од цената на каталогот.

Според CNN, United ќе добие попуст за 200 Boeing авиони од типот 737 MAX, кои го сочинуваат најголемиот дел од нарачката, а остатокот се однесува на набавка на 70 авиони од Airbus, од типот А321neo.

Оваа набавка е уште еден знак дека авиокомпаниите веруваат дека закрепнувањето од пандемијата е на повидок.

Фто: Pixabay