Нараквица што му кажува на шефот дали работникот е тажен или среќен

35

На прв поглед, оваа силиконска нараквица изгледа како нараквиците што го следат срцевиот ритам за време на вежбање. Но, станува збор за сосема друга технологија којашто го следи менталното здравје наместо пулсот и им овозможува на вработените да ги препознаат и истакнат сопствените емоции.

Овој гаџет се поврзува со апликација за мобилен телефон и има две копчиња, жолто и сино. Идејата е дека работникот може да притисне жолто ако се чувствува среќен, а сино ако е тажен.

Нараквицата е наменета за компании кои се интересираат за психичката состојба на своите вработени, посебно во време кога повеќето работници работат од дома. Целта е вработените постојано да ја носат нараквицата и да го притиснат копчето во зависност од тоа како се чувствуваат.

Нивните шефови можат да видат во реално време, но и статистички како се чувствуваат нивните вработени за време на работното време и како тие го поминуваат работниот ден, особено за време на пандемијата што радикално го смени начинот на работа.

“Менаџерите се обидуваат да бидат во контакт со вработените кои работат од дома и на овој начин можат да добијат одговор од 500 од нив во секунда“, објаснуваат од компанијата Moodbeam, која стои зад нараквицата.

Фото: Facebook