Народна банка: Немаме веќе надлежности врз Еуростандард банка

30

Со донесувањето на решението за укинување на дозволата за основање на работење на банка, банката престанува со работа и со тоа престануваат надлежностите на Народна банка, велат од Кабинетот на гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска за јавниот повик на најголемиот акционер на Еуростандард банка кој побара поддршка да се повлече одлуката за стечај на банката.

Во врска со текстот од  Трифун Костовски, објавен денес, од Народна Банка известуваат дека дозволата за основање и работење на Еуростандард банка АД Скопје е укината на 12 август 2020 година заради неисполнување минимални законски услови за работа на банка, појаснуваат од НБРСМ.

Дозволата е укината заради несолвентност на Банката, односно неисполнување минимални законски услови за работа на банка, при неостварување на преземената обврска од сопствениците за навремено обезбедување на неопходниот капитал за работа на Банката, од сопствени извори или од потенцијален инвеститор којшто ги исполнува законските услови и критериуми за акционер на банка- наведуваат во соопштението од Народна Банка.