Народната банка на Кина ги намали каматните стапки

75

Кинеската централна банка во вторникот неочекувано ги намали каматните стапки по втор пат за три месеци, што може да биде знак дека властите ги засилуваат напорите за монетарно олеснување за да поттикнат брзо економско закрепнување.

Аналитичарите проценуваат дека на тој начин централната банка отворила можност за потенцијално намалување на референтната каматна стапка на Кина на кредитите следната недела, пренесува Ројтерс. Негативниот кредитен раст и зголемените ризици од дефлација во јули повикаа на поголемо монетарно олеснување за да се запре економското забавување.

Ризиците од неисполнување на обврските во секторот на недвижности и пропуштените плаќања од страна на некои менаџери на приватни средства, исто така, придонесоа за слабеење на довербата на финансискиот пазар. Сите заедно придонесоа за итноста на активностите на централната банка, така што довербата на потрошувачите и бизнисот нема дополнително да се влошува.

Народната банка на Кина соопшти дека ја намалила едногодишната среднорочна каматна стапка за некои финансиски институции за 15 базични поени, од 2,65 отсто на 2,50 отсто. Таа треба да ги надмине неповолните фактори, за да ја „одржи разумно доволна ликвидноста на банкарскиот систем“.