Nasdaq со најголемите банки создава платформа за тргување со акции на приватни компании

28

Американскиот берзански оператор Nasdaq се здружува со големите американски банки, вклучувајќи ги Goldman Sachs и Morgan Stanley, за да ги издвојат во посебна компанија своите платформи за тргување со акции на компании кои се од голем интерес за инвеститорите кои бараат голем поврат на инвестицијата.

Бидејќи каматните стапки низ целиот свет беа намалени на речиси нула на почетокот на пандемијата, инвеститорите бараат други извори на приход.

Според договорот, Nasdaq Private Market ќе стане самостојна, независна компанија во која ќе инвестираат SVB Financial Group, Citigroup, Goldman Sachs и Morgan Stanley, се наведува во официјалното соопштение, пренесува Ројтерс. Финансиските услови на договорот не се обелоденети.

Платформата ќе управува со трансакции со акции на приватни компании, како што се тендерски понуди, аукции и блок трансакции. Многу компании, вклучувајќи ги BlackRock или JPMorgan Chase, сакаат да им дадат на своите клиенти поширок пристап до инвестиции во приватни фирми.

Фото: Pixabay