Населба во Италија ги продава своите куќи за едно евро

28

12239707_402378856635340_6791809092352635478_n

Фото: Facebook

Ололаи, малечка населба во планинскиот регион на Барбагија на островот Сардинија, ги продава своите напуштени домови по цена од едно евро, пишува CNN.

Ултра ниската цена доаѓа со малку поголема обврска – купувачите мораат во следните три години да ги реновираат трошните домови. Местото има околу 200 камени куќи во лоша состојба, а за да се реновира една од нив би биле потребни над 20.000 евра.

Целта на овој проект е местото повторно да заживее како некогаш. Изминатите 50-тина години популацијата во Ололаи е во опаѓање и во населбата многу ретко може да се види принова. Останатите жители како локалните сточари, сè уште го прават овчото сирење Casu Fiore Sardo, намирница по којашто е позната оваа населба, а занаетчиите ткаат кошеви и корпи.