Наскоро дозвола за уште две вакцини против Ковид-19

24

За еден или два месеци, во борбата против коронавирусот ќе се вклучат уште две вакцини.

Покрај вакцините на Pfizer и BioNTech и Модерна, на почетокот на февруари Европската агенција за лекови би можела да ја одобри вакцината на AstraZeneca/Oxford, а можно е за еден до два месеци и онаа на Johnson&Johnson, што има дополнителна предност бидејќи е потребна само една доза за стекнување имунитет.

Од Johnson&Johnson пристигнале ветувачки резултати на еден дел од завршната студија според која вакцината постигна 90% ефикасност кај 805 доброволци по 29 денови, а после 57 денови 100%. Исто такан, нагласуваат дека нуспојавите како што е зголемена телесна температура, болки во мускулите и на местото на убодот се лесно минливи. Резултатите од последната фаза на испитувањето на ефикасноста ќе се очекуваат во текот на февруари.

Експертите сметаат дека ефикасноста на оваа вакцина ќе биде барем 80% или повеќе, а предноста на оваа векторска вакцина е тоа што не бара ниски температури за чување, како оние на база на mRNА, туку може да се чуваат во обични фрижидери.

Фото: Freepik