Наскоро ќе можеме да заработуваме преку Twitter

52

Џек Дорси и вработените во Twitter постојано размислуваат за начините на кои можат да го зголемат бројот на корисници, но и да заработат од популарноста и моменталната голема корисничка база на мрежата. Меѓу потенцијалните нови опции веќе некое време се споменува можноста за правење групи за да може да се поврзат корисниците со исти интереси, како спорт, музика и слично, но и две опции благодарение на кои корисниците на оваа мрежа би можеле да почнат да заработуваат пари.

Една од тие опции се таканаречените супер следбеници, односно претплата на мрежа и профили со кои следбениците би добивале некаква ексклузивна содржина која не би им била достапна на оние што нема да ја плаќаат претплатата. Втората опција на твитерџиите би требало да им овозможи плаќање на лицата кои ги следат и им ја ценат работата. Благодарение на една корисничка на оваа мрежа, се дозна како би требало да изгледа тоа давање бакшиш на твитерџии.

Кога ќе отворите нечиј профил на оваа социјална мрежа, лево од опцијата за следење, сандачето за пораки и трите точки со кои се отвораат нови опции, треба да ви се појави нов знак на банкнота и откако ќе кликнете на него ќе се појават неколку платформи преку кои може да им се плаќа на корисниците. Меѓу нив се апликацијата Cash App, потоа Bandcamp, Patreon, PayPal и Venmo.

Од Twitter сè уште нема коментари за новите опции и не е познато кога би можела да се додаде новата опција на профилите, а не е познато ни дали таа ќе им биде достапна на сите или само на некои попопуларни и со поголем број следбеници.

Фото: Freepik