Наскоро ќе се возат електрични автомобили made in БиХ

17

Electric vehicle conceptПо патиштата во БиХ, но и во регионот наскоро би можеле да се возат електрични автомобили кои ќе излегуваат од погоните на компанијата Никола Тесла од Бања Лука. Завршени се сите тестови и започна сериско производство. Деловите ги произведуваат пет фабрики во Република Српска, а се што ќе се произведе, веднаш се извезува во Германија, каде се склопуваат, пишува Ал Џазира Балкан.

Со договорот со германската компанија Streetscooter е предвидено производство на 14.000 автомобили.

Од компанијата Никола Тесла велат дека веќе се нарачани 10 автомобили за домашниот пазар. Автомобилите за земјите во регионот во потполност ќе се монтираат во БиХ, а постои можност по одредена произведена количина, автомобилите да добијат сопствен бренд.