Наскоро оглас за 850 хектари државно земјоделско земјиште

25

stocna hranaНаскоро ќе биде објавен огласот за давање во закуп 850 хектари државно земјоделско земјиште кое ќе може да се користи исклучиво за производство на сточна храна, изјави денес ресорниот министер Љупчо Димовски.

Со ова им се излегува во пресрет на сточарите и се реализира нивното долгогодишно барање.

“Веќе ги извршивме потребните законски измени, обезбедивме соодветно земјиште и за релативно кратко време ќе излеземе со оглас на кој ќе може да се јават фармерите. Бенефит очекуваме уште оваа година”, рече Димовски по работната средба со претставници на земјоделците.

Тој додаде дека од особена важност е да се зголеми производството на добиточна храна со оглед дека Македонија е увозно зависна и има проблеми од овој аспект во секторот. Тоа е во интерес не само на одгледувачите на добиток, туку и на целата држава.