Наставниот кадар ќе се дообучува во странство

18

Фонд за периодична размена на наставнички кадар со странски земји, подготвува Владата на Република Македонија за следниот период.
Наскоро Владата ќе излезе со конкурс за стипендирање на наставниот кадар на 200 наставници кои ќе се запишат на најдобрите универзитети во светот. Предвидено е додека тие студираат на некои од универзитите, работодавачите да им го чуваат работното место.
Оваа реформа ќе биде стимулирачка и мотивирачка за студентите кои се запишуваат на педагошките факултети.