Настел повторно продаде дел од акциите во Реплек

Компанијата „Настел ДООЕЛ“, која е еден од поголемите акционери во „Реплек АД Скопје“, изврши продажба на 12 акции од својот сопственички удел. По оваа трансакција, „Настел“ останува сопственик на вкупно 14.679 акции во скопската фармацевтска компанија.

И покрај продажбата, „Настел“ и понатаму задржува значителен удел од 5,66% од вкупниот број акции во „Реплек“.

Минатата недела НАСТЕЛ продаде 363 акции во „Реплек“.