
Компанијата „Настел ДООЕЛ“, која е еден од поголемите акционери во фармацевтската компанија „Реплек АД Скопје“, го намали својот сопственички удел.
Според официјалното известување објавено согласно Глава 6 од Правилата за котација, НАСТЕЛ продаде 363 акции во „Реплек“.
По оваа трансакција, НАСТЕЛ поседува вкупно 14.691 акции, што претставува удел од 5,67% од вкупниот број на акции на „Реплек“ АД Скопје.













