Натпревар за најдобри производители на вино и ракија

114

casi so vino i rakija

Локалната самоуправа и Центарот за едукација и вмрежување во туризмот на Демир Капија беше организиран натпревар за најдобри производители на вино и ракија, пишува Миа.

Во категорија вина првото место го освои Блажо Петров, а за ракија Зоки Трајков.

Стручното жири од професионалните енолози, во состав Андон Крстевски од винаријата Стоби како претседател, Влатко Анчев од винаријата Повардарие и Ристе Михајлов од винаријата Дудин, по извршената дегустација и бодување на мострите, второто место во категорија вина му го додели на Зоран Атанасов и трето на Христијан Петровски. Во категорија ракија второ место му припадна на Петар Стојковиќ и трето место на Стојков Сашко.

Овој натпревар годинава се одржа по шести пат. Во категоријата вина беа пријавени 51, а во категорија ракии 30 мостри.