Научете да кажете “не”

50

ne-pixabay

Фото: Pixabay

Доколку сакате да ги зголемите своите деловни резултати и приход и да добиете повеќе време за одмор и за семејството, ќе морате да елиминирате барања, обврски, задачи кои ви крадат време и не се доволно исплатливи.

Треба да го структурирате својот бизнис така што ќе ги насочите своето време, енергија и способност само на проекти, прилики и луѓе кои ви носат сакани резултати за сите напори што ги вложувате. За да можете успешно да ги остварите своите цели и да бидете во можност да си обликувате стил на живот каков што сакате, ќе мора да научите да одбивате работи и луѓе кои ви го одвраќаат вниманието и ќе ве одвлечат од она што ви е важно, пишува Лидер.

Или ќе управувате со своето време или тоа ќе управува со вас. Тоа е лична одлука. Еден од најдобрите начини повторно да воспоставите контрола над времето е да научите да кажете “не”.

Успешните луѓе знаат да кажат не и притоа да не чувствуваат грижа на совеста. Повеќето претприемачи се затрупани со секаква работа. Активни се, но не се фокусирани. Секојдневно е потребно се повеќе концентрација за извршување на секојдневните задачи. Понекогаш ви се чини дека сите сакаат нешто од вас. Замислете колку време и контрола би имале над сопствениот живот кога не би морале да реагирате на сите непотребни пораки, да читате неважни мејлови, кога само едноставно би рекле “не”.

Тоа значи дека треба да ставите граница меѓу тоа што сакате и што не сакате. Еден од начините е да направите попис на работите што ќе престанете да ги работите. На почетокот ќе ви биде тешко да одбиете некакви барања. Но, со време, ќе увидите колку е тоа ослободувачки.