Научници направија лепенка за вакцинирање за оние кои се плашат од игли

115

Акцијата за вакцинирање против Ковид-19 почна во многу земји во светот. Свесни дека многумина се плашат од игли, научници од Универзитетот Swansea развија лепенка за вакцинирање со микроигли, која се става на кожата и ја инјектира вакцината во телото на безболен начин.

Освен за инјектирање вакцини, лепенката може да има дополнителна функција за следење на ефикасноста на вакцината бидејќи со помош на систем за следење на протеинските биомаркери може да се открие имунолошкиот одговор на организмот и така да утврди дали човекот стекнал отпорност на Ковид-19.

Микроиглите кои се наоѓаат на лепенката имаат врвови дебели неколку микрометри и може да ја пробијат бариерата на кожата и да го достават лекот во телото. На сличен начин функционираат т.н. фластери за лечење на зависниците од пушење кои со помош на микроигли во телото внесуваат никотин.

Примарната цел на истражувањето е да се креира прототип на евтин уред за достава на паметна вакцина со систем за следење на ефикасноста, кој клинички ќе се тестира во болницата на Imperial College во Лондон. Засега не е познато кога ќе почне да се испитува лепенката.

Фото: Facebook