Научници направија невидливо мастило што се активира со сол

20

mas

Фото: Nature Communications

Научници од Јао Тонг Универзитетот во Шангај направија нов облик на невидливо мастило. Невидливото или паметно мастило има широка примена и може да се користи за спречување на фалсификување на пари или за сигурно чување на податоци на старомоден начин. Ваквите мастила се невидливи додека не се изложат на светлина или топлина.

Во студија, што е објавена во магазинот Nature Communications, научниците тврдат дека направиле мастило што е потполно невидливо, сè до моментот додека во него не се додаде сол, пишува The Verge.

Новата материја не е совршена бидејќи основна состојка е оловото што може да биде токсично во големи дози и научниците работат на креирање на побезбедна алтернатива. Мастилото е невидливо, но кога ќе му се додаде посебен вид на сол оловото се претвора во нано кристали коишто светат кога хартијата ќе се осветли со УВ ламба. Кога повторно ќе се нанесе сол, мастилото станува невидливо.