Научници од Сингапур создадоа аерогел од отпадоци од памук

56

cottonФото: Pixabay

Памучниот отпад најчесто се користи за изработка на превези што се користат во медицината за спречување на крварењето. Но, научници од Националниот универзитет во Сингапур пронајдоа креативен начин како да се искористи отпадот од памук. Наместо да се фрла – да се претвори во аерогел. Овој гел може да се користи за да се задржи температурата кај шишињата со вода или, пак, да се контролира крварењето на подлабоките рани, пишува New Atlas.

Течноста била тестирана и во воени услови. Истражувачите го искористиле гелот за да ја тестираат издржливоста на облеката на војниците, но и за да го спречат крварењето на нивните рани. Капсулите со овој гел директно преку голем шприц ги инјектирале во раните на повредените војници. Штом гелот навлезе во телото, материјалот се проширува и ја апсорбира крвта притискајќи ја раната одвнатре да се собере и да се запре протокот на крв.

Овој гел може да се произведе со многу малку финансиски средства и дури 20 пати побрзо од обичните гелови.