Научници од Универзитетот во Бат, Велика Британија, работат на тоа да трансформираат урина во гориво, пишува Inhabitat. Тоа би значело евтини и одржливи батерии за оние делови од светот каде се најмногу потребни.
Научниците од Бат ги здружија силите со лондонскиот Универзитет Кралицата Мери и центарот за биоенергија во Бристол и нивното откритие покажува дека урината е многу помоќен материјал од распаднатите растенија и плодови што досега се користеле во технологијата. Бактериите во ќелиите поттикнуваат реакции на редукција и оксидација, произведувајќи електрична енергија што може да се искористи во форма на батерија.
Докторката Мирела Лоренцо, која е ко – автор на студијата за урината и нејзината моќ како гориво, вели дека овие батерии би биле најдобар пример за рециклирање. Тимот напорно работи на тоа да ги направи овие батерии посилни, подолготрајни и по можност подложни на полнење.