Научници создадоа хартија отпорна на оган и течност

89

hartija

Истражувачки тим од Шангајскиот Институт за керамика создадоа хартија отпорна на оган и течност. Хартијата е отпорна на оган до 200 степени Целзиусови и течности (кафе, чај, вода). Главниот истражувач на проектот, професорот Жу Јингјие вели дека постои хартија којашто е отпорна или на течност или на оган, но новата хартија што тие ја креирале е отпорна на двата фактора, пишува Mashable.

Според Јингјие, хартијата ќе биде погодна за широка употреба бидејќи текстот ќе биде долготрајно заштитен на подлога којашто може да се чисти со вода.

“Оваа хартија ќе биде погодна за важни документи коишто ќе може да се чуваат со векови без специјално опремени архивски простории. Изумот ќе стави крај на ерата кога поплавите и пожарите уништуваат важен историски материјал“, вели Јингјие.

Хартијата направена од растителни влакна лесно се уништува од течност, а тимот истражувачи во структурата на хартијата додале посебен вид на калциум којшто се изолира од животински коски и забниот глеѓ (hydroxyapatite).

Научниците на проектот работеле од 2008 година, а очекуваат на пазарот да се најде за три години. Почетната цена ќе биде малку повисока од обичната хартија во А4 формат, но се очекува масовното производство да придонесе намалување на цената.