Научници создаваат цемент за безбедно складирање на нуклеарниот отпад

147

Nuclear Power Station Operated By EON SE Germany's Largest Utility

Тим од британски научници работи на создавање цемент којшто би бил отпорен на штетните ефекти од нуклеарниот отпад илјадници години, пишува International Business Times.

Овој цемент се очекува да биде идеално решение поради плановите на британските власти да ја развиваат нуклеарната индустрија во земјата.

Планирано е новиот материјал да го намали штетното влијание на радијацијата за 50%. Британските власти треба да изберат соодветна локација на којашто ќе бидат поставени 300.000 кубни метри радиоактивен отпад што се проценува да се акумулира во Велика Британија до 2030 година.

Податоците покажуваат дека околу 11% од струјата во светот се произведува со нуклеарна фисија, а се очекува оваа бројка постојано да расте. Од таа причина, од интерес на сите е да се најде безбеден начин за справување и управување со опасниот отпад.