Навики поради кои непотребно губите пари

307

Ако на крајот од месецот се прашувате каде ви отишле сите пари, тогаш преиспитајте го вашето трошење.

Направете дневник во кој ќе ги бележите вашите дневни трошоци и осигурете се дека немате некоја од следниве навики.

Купувате импулсивно

Многу луѓе кои сакаат да купуваат online многу често импулсивно купуваат работи за кои подоцна ќе сфатат дека им се потполно непотребни. Освен тоа, оваа навика е погубна за вашиот паричник.

Возите, наместо да пешачите

Наместо да одите со автомобил или со јавен превоз до најкратките дестинации, подобро испешачете. Ставете си ги тие пари во касичка и правете го тоа недела дена и видете колку сте заштедиле само затоа што сте престанале да бидете мрзеливи.

Не го планирате купувањето намирници

Немојте да одите во продавница секој ден. Одете во големи маркети, каде што можете да купите големи количини на намирници по акциски цени. Испланираното пазарување ќе ви заштеди значителна сума на пари.

Јадете надвор

Убаво е еднаш или два пати месечно да излезете надвор на вечера, но јадењето цело време надвор или нарачувањето на храна секој ден ви го празни паричникот.

Не купувате на попусти

Ако импулсивно купувате работи и не гледате дали се намалени или не, ги губите вашите тешко заработени пари. Наместо тоа, направете листа на сè што сакате да купите и купете го тоа кога ќе биде на попуст.