Навики што ве спречуваат да заработите повеќе пари

702

Се прашувате зошто не успевате да заработите повеќе пари? Во продолжение неколку причини и што да направите во врска со тоа.

Неуспех во преговарањето

За сè може да се преговара. Тоа не значи дека секогаш ќе го добиете тоа што го сакате, но ако не пробате, не можете да знаете. На пример, преговарање за повисока плата. Најчесто првата понуда што се добива не ги задоволува потребите на кандидатите или вработените. Ако верувате во своите способности и ако сте истражиле малку повеќе и сте дознале колку треба да бидете платени според вложениот труд, не постои причина зошто не би побарале повеќе. Најлошо што може да се случи е да наидете на негативен одговор.

Не инвестирање во себе си

Може да инвестирате во многу работи, но сепак најдобра инвестиција е инвестирањето во себе. Вие сте тие од кои зависи колку ќе заработите и вие одлучувате што и како ќе направите во животот. “Вооружете” се со знаење, вештини, подобро здравје и искуство. На тој начин ќе бидете повредни за вашите идни работодавачи, ќе умеете да донесувате подобри одлуки и ќе заработите и повеќе пари.

Ограничен поглед на нештата

Ако веќе сте се одлучиле да инвестирате во нешто, тогаш одете до крај. Најдобро е да не се држите само за една цел и да имате ограничен поглед на работите. Посигурна опција е да не се потпирате само на еден извор на финансии, никогаш не се знае кога вашата кариера, односно бизнис ќе наиде на проблеми. Затоа секогаш е корисно да имате бекап стратегија.

Губење на амбиција

По неколку поминати години на едно место, голема е веројатноста да го изгубите ентузијазмот и мотивацијата. Станувате задоволни со тоа што сте, со тоа што го правите и со вашето место во организацијата. Ако почувствувате дека ова ви се случува, свртете нов лист, направете ја потребната промена, во спротивно нема да го добиете тоа што сакате.

Преголема лојалност

Многумина се нашле во позиција кога сакаат да останат некаде само од преголема лојалност, а не од некакви објективни причини. Дури и кога знаете дека на тоа место нема да имате можност за напредок и реализирање на вашите потенцијали, се случува да останете од посветеност кон работодавачот. Тоа не е лоша особина, но ако претерате со жртвување на своите амбиции и цели од таа причина, претераната лојалноста само ќе почне да ви штети.