
Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во август 2026 година изнесува 4,67%,
што претставува пад од 0,01 п.п. и 0,23 п.п., на месечна и годишна основа, соодветно.
Кај вкупните депозити, каматната стапка се задржа на нивото од претходниот месец,
при мал годишен пад од 0,01 п.п. и изнесува 2,18%.
Растот на просечната каматна стапка на новоодобрените кредити и депозити во август
бележи умерено забрзување. Кај каматната стапка на новоодобрените кредити
забележано е месечно и годишно зголемување од 0,26 п.п. и 0,22 п.п., соодветно, при
што таа изнесува 4,70%. Просечната каматна стапка на новопримените депозити
оствари месечен и годишен раст од 0,30 п.п. и 0,66 п.п., соодветно и изнесува 2,72%.
Каматни стапки на корпоративниот сектор
Кај претпријатијата, забележана е мала надолна промена на просечната каматна стапка
на вкупните кредити од 0,01 п.п. и изнесува 4,33%, додека на годишно ниво е намалена
за 0,19 п.п. Кај вкупните депозити на корпоративниот сектор, каматната стапка изнесува
2,69%, што претставува зголемување од 0,06 п.п. и 0,16 п.п. на месечно и на годишно
ниво, соодветно.
Каматната стапка на новоодобрените кредити во овој месец оствари месечен раст од
0,47 п.п., а на годишна основа, по неколку месеци на намалување, забележа раст од
0,35 п.п. и изнесува 4,68%. Слично движење е забележано и кај новопримените
депозити, при поголем месечен и годишен раст од 0,77 п.п. и 0,89 п.п., соодветно и
изнесува 2,75%. Притоа, месечната промена произлегува од растот на каматната стапка
на денарските и девизните кредити.
Каматни стапки на домаќинствата
Во август, каматната стапка на вкупните кредити на населението продолжи да се
намалува за 0,02 п.п. и 0,27 п.п, на месечна и на годишна oснова, соодветно и изнесува
5,00%. Каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата е непроменета во
однос на претходниот месец и изнесува 2,11%. Споредено на годишно ниво, оваа
каматна стапка се намали за 0,03 п.п.
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата не забележа
промена на месечна основа и се задржа на нивото од 4,73%. На годишна основа, оваа
каматна стапка е повисока за 0,05 п.п. Каматната стапка на новопримените депозити
изнесува 2,72% и бележи месечен и годишен раст од 0,07 и 0,54 п.п., соодветно.
Месечниот раст произлегува од зголемените каматни стапки на денарските депозити, покажуваат најновите податоци на Народната банка.











