НБ: Продолжува трендот на намалување на просечната каматна стапка

26

Во јули 2021 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити забележа месечно и годишно намалување од 0,04 п.п. и 0,25 п.п., соодветно и изнесува 4,50%, соопштија од Народната Банка.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,83% и оствари пад на месечна и годишна основа од 0,01 п.п. и 0,22 п.п., соодветно.

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 3,62%, што претставува месечен и годишен пад од 0,41 п.п. и 0,36 п.п., соодветно.

Просечната каматна стапка на новопримените депозити се намали на месечно и годишно ниво за 0,02 п.п. и 0,18 п.п., соодветно и изнесува 0,51%, се вели во извештајот.