НБ: Просечна камата од 4,29% на нови кредити за корпоративниот сектор

21

Просечната каматна стапка на новите кредити одобрени на корпоративниот сектор, во јуни, изнесува 4,29%, што преставува пад од 0,05 процентни поени, покажуваат податоците на Народна банка.

Гледано според валутната структура, намалувањето во целост се должи на падот кај каматната стапка на кредитите во странска валута (за 0,33 п.п.), во услови на раст на каматите на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,32 и 0,03 п.п., соодветно). Споредено на годишна основа, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор е намалена за 0.35 п.п.

Во текот на јуни оваа година, каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор е непроменета во однос на претходниот месец и изнесува 1,61%. Споредено со истиот месец претходната година, каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор е умерено намалена за 0,02 п.п. – Просечната каматна стапка на новопримените депозити5 на корпоративниот сектор, во јуни, изнесува 0,96% и оствари месечен пад од 0,16 п.п. Притоа, пониските каматни стапки на денарските депозити со и без валутна клаузула (за 0,26 п.п. и 0,17 п.п., соодветно) придонесоа за нејзино намалување, додека каматната стапка на кредитите во странска валута забележа раст од 0,15 п.п.

Во јуни, каматната стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор бележи месечно намалување од 0,03 п.п. и изнесува 4,45%. Надолното месечно поместување е резултат на намалувањето на каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула и кредитите со валутна клаузула (идентичен пад од 0,03 п.п., соодветно), при минимален раст (од 0,01 п.п.) на кредитите во странска валута. Во однос на јуни минатата година, каматната стапка на вкупните корпоративни кредити е намалена за 0,47 п.п.

Фото: Pixabay