НБРМ ги промовираше кованите пари за колекционерски цели

47

Во Народната банка на Македонија (НБРМ) денеска се одржа промоција на кованите пари за колекционерски цели Кирил и Методиј и на Лав и Девица од серијата Хороскопски знаци.

km

km1

 

Цената на кованата пара Кирил и Методиј, со апоен од 1000 денари изнесува 49.000 денари, додека цената на кованата пара со апоен од 100 денари, во стандардно пакување изнесува 3.450 денари, а во репрезентативно пакување изнесува 3.800 денари. Кованите пари се изработени од сребрo и позлата.

Leo

Leo_Virgo

Кованите пари Лав и Девица се изработени од сребро и со вметната 24-каратна меѓу основа и вметнато стакленце и цената им изнесува по 2.700 денари.

Virgo

Кованите пари за колекционерски цели Кирил и Методиј, Лав и Девица се законско средство за плаќање во Република Македонија.

Овие ковани пари за колекционерски цели се уникатни, репрезентативни и со извонредна уметничка вредност и ќе придонесат за промоција на Република Македонија.