НБРМ ги укинува заштитните мерки поради должничката криза во Грција

16

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) од утре ги укинува заштитните мерки поради должничката криза во Грција, коишто беа воведени на 28-ми јуни оваа година, се вели во соопштението.

“Заштитните мерки ја постигнаа целта заради која беа воведени, односно оневозможија поголеми капитални одливи од Република Македонија, не нарушувајќи го притоа деловното работење на домашните компании со грчки субјекти. Рамнотежата во билансот на плаќања и стабилноста на домашниот банкарски систем беа одржани“, стои во соопштението на НБРМ.

Како што беше најавено при воведувањето, заштитните мерки беа со привремен карактер, за период од најмногу шест месеци, а постоеше можност за продолжување на нивната примена. Но, веќе одреден период, состојбата во Грција се стабилизира, кредиторите продолжија со финансиското поддржување на Грција, којашто, пак, се обврза да применува економски и социјални реформи, како и мерки за штедење.