НБРМ: Намалена побарувачката на девизи од физичките лица

20

namalena pobaruvacka na devizi

Податоците од девизниот пазар упатуваат на намалена побарувачка за девизи од страна на физичките лица, стои на официјалната Facebook страница на Народната банка на Македонија.

“По преземените мерки од страна на НБРМ, обезбедување на потребна девизна ликвидност преку интервенции на девизниот пазар и зголемување на основната каматна стапка на трети мај оваа година, движењата постепено се нормализираат, што се согледува преку континуирано намалување на побарувачката на девизи од страна на физичките лица“, стои во соопштението на НБРМ.