НБРМ: Нефункционалните кредити меѓу 11% и 12% во првиот квартал

11

nbrm 1

Во првиот квартал од 2015 година се одржа квалитетот на кредитното портфолио на банкарскиот систем со учество на нефункционалните во вкупните кредити на вообичаеното ниво меѓу 11% и 12% од вкупните кредити, стои во Извештајот за ризиците во банкарскиот систем во првиот квартал на Народната банка на Македонија (НБРМ).

“Растот на нефункционалните кредити при забавување на кредитната активност на банките, предизвика извесно зголемување на учеството на нефункционалните кредити на 31.03.2015 година, достигнувајќи 11,6%, кое главно беше поттикнато од кредитите на претпријатијата. По пресечниот датум на овој извештај, растот на вкупните нефункционални кредити забави, што при забрзување на кредитната актибност на банките услови извесно намалување на нивното учество во вкупните кредити (на 11,5% во јуни)“, се вели во Извештајот.

Во првите три месеци од 2015 година, банките ги зголемија своите вложувања во државни обврзници, што соодветствуваше со поголемиот обем на понуда на овие хартии од вредност.

Исто така, солвентноста на банкарскиот систем, следена преку стапката на адекватност на капиталот, се зголеми поради реинвестирањето на добивките кај некои банки и следствено, растот на сопствените средства.