НБРМ: Повторно намалување на просечните каматни стапки на вкупните кредити

18

nbrm-logo-pocetna

Народна банка на Република Македонија информира дека во февруари 2018 година, продолжил трендот на намалување на просечните каматни стапки на вкупните кредити и вкупните депозити. Промената е минимална, при што каматните стапки на вкупните кредити и депозити се сведоа на 5,70% и 1,50%, соодветно.

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во февруари изнесува 4,98%, при забележан месечен пад од 0,15 п.п., додека кај просечната каматна стапка на новопримените депозити е забележан месечен раст од 0,21 п.п. и таа изнесува 1,57%.

Каматната стапка на новите кредити одобрени на корпоративниот сектор во февруари изнесува 4,56%, што во споредба со претходниот месец претставува надолно поместување од 0,40 п.п. Притоа, месечниот пад произлегува од намалувањето на каматните стапки кај денарските кредити без валутна клаузула и кредитите во странска валута (за 0,52 п.п. и 0,22 п.п., соодветно), делумно компензирано со растот на каматната стапка на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,73 п.п.).

Во февруари 2018 година, каматната стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор изнесува 5,09% и оствари минимален месечен пад од 0,03 п.п. Месечното намалување е резултат на надолните промени кај каматните стапки на сите компоненти: каматните стапки на денарските кредити без и со валутна 1

Во февруари 2018 година, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата забележа незначително месечно намалување од 0,01 п.п. и изнесува 6,36%. Во однос на истиот месец минатата година е остварена надолна промена од 0,24 п.п.

*Под “каматна стапка“ се подразбира пондерирана просечна каматна стапка искажана во проценти на годишно ниво.