НБРМ предвидува раст на македонската економија од 2,2%

11

14112012170432_narodna bankaСпоред НБРМ, најновата проекција за растот на македонската економија годинава е 2,2%.

“Имаме мала надолна ревизија на растот на БДП за 2013 година. Претходно очекувавме растот да биде 2,6%, а за наредната година наместо 3,4% очекуваме раст од 3%”, истакна гувернерот на НБРМ Димитар Богов на денешнaта прес-конференција.

Богов потенцираше дека причина за надолната ревизија е падот на странската ефективна побарувачка, особено од нашите најголеми трговски партнери.

Народна банка на Република Македонија има и надолна ревизија на инфлацијата од претходните 3,5% на 3,2% за годинава и од 2,6% на 2,3% за 2014 година.

Гувернерот на прес-конференцијата истакна дека во оваа и во наредната година капиталните приливи се очекуваат да бидат доволни за покривање на дефицитот во тековната сметка и дополнителна кумулација на девизни резерви. Девизните резерви се оценува дека ќе се одржуваат на адекватно ниво.