НБРМ: Продолжува растот и на депозитите и на кредитирањето

61

Во јули вкупните депозити продолжија да растат на месечна основа, што се должи на растот на депозитите на домаќинствата, соопшти Народна банка на Македонија.

Годишната стапка на раст изнесува 7,9%, како резултат на растот на депозитите на двата сектори, поизразен кај секторот „домаќинства.
Вкупните кредити продолжија да растат на месечна основа, главно заради зголеменото кредитирање на домаќинствата. Годишниот раст на вкупните кредити изнесува 8,2% и се должи на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства”.

На годишна основа, депозитите на корпоративниот сектор и на секторот „домаќинства” се зголемени за 9% и 8,4, соодветно.

На годишна основа, кредитирањето на корпоративниот сектор бележи раст од 7,1%.
Вкупните кредити на домаќинствата забележаа годишен раст од 9,4%.