НБРМ: Растот на БДП годинава 3,7%, догодина 4,1%

21

Според најновите проекции на Народната банка на Република Македонија, растот на македонската економија за годинава ќе изнесува 3,7%, за наредната 4,1%, а во 2016 година 4,5%.

Овие проекции беа изнесени на денешната прес-конференција во Народната банка на Република Македонија според кои нема промени во однос на оваа и на 2016 година, а само надолна корекција има за предвидениот раст за 2015 година.

Претходната проекција на НБРМ за растот за 2015 година беше 4,4%.

На прес-конференцијата беше поочено дека променетата оцека за динамиката на растот на домашната економија е со мали приспособување на понеповолното надворешно окружување.